Иван Пешевски од синдикатот за индустрија и проектирање беше гостин во емисијат „Стадион“ на Канал77, во која се зборуваше за синдикалното здружување и зголемување на минималната плата.
-Многу е погрешна политиката нашите работници да ги избркате, а потоа да се фалите дека има толку многу работа, па да увезувате. Работа има и за наши, но држвата со години води погрешна политика. Дава работа и пари на странски компании и работници. Не знам што им недостасуваше на нашите, па да фатат по белиот свет. Нашето истражување покажа дека 73,3 проценти од вкупниот број вработени се под 45 илајди денари плата. Под просечната. Минималната е 24,397 денари. Најголем дел од вработните земаат под 30.000 денари. Она што најмногу ги боли работодавчите и Владата е што не можат да прознат дека најголем дел од работниците се поблиску доминималната, отколку до просечната. Луѓето ја изгубија куповната моќ. Неконтролираното дигање на цените, нефер трговски практики направи да бидеме најсиромашни во Европа, од лоши политики да избркаме илјадници работници и сега се чудиме кој ќе ја гради економијата а заборавивме на работниците да им дигнеме плата., вели Пешевска.
Погледнете го целото интервју во видеото подолу:





