Доаѓам од семејство со самохран родител, уште на 17 години работам летни работи, во градежништво, сум работел на бензински пумпи, во кол центри, во диспечерски центри, во странски фирми кои работат на македонскиот пазар и кои експлоатираат млади луѓе и заради реалноста која имаат оставено претходните градоначалници. Имам работено на разни проекти. Јас сум еден типичен пат на млад човек од мојата генерација во Скопје.
Ова го вели Амар Мециновиќ, кој е кандидат за градоначалник на левица, а беше гостин во емисијата Стадион на Канал77.
Меѓу другото Мециновиќ рече:
Во мојот живот се што знам е владеењето на ВМРО и СДС и сите партии со нив. Тоа што ние ќе го понудиме нема да биде шпекулатнивно, туку многу јасно. Дадовме сигнал дека ако сакаат да се спротивстават на ВМРО ДПМНЕ, тогаш Левица е изборот. Ние имаме година ипол дена макотрпна борба против ВМРО ДПМНЕ. Левица подава рака за соработка кон сите елементи кои се противат на оваа наша реалност. Ние се перцепираме како контрадикција на се што се случувало на Скопје изминатите 35 години. Ние сме резултат на нова политичка генерација која процесите сами ја имаат создадено. Затоа на овие избори нудиме отоврена платформа на јавен интерес која ќе се спротистави на сите политики во изминатите 35 години, на политиките на прибватниот интерес, на корупцијата и клиентелизмот кои ја имаат воспоставено партиите. Верувам дека во овие избори, особено во вториот круг мислам дека ќе подадеме рака кон сите елементи кои се спротиставени на ВМРО СДСМ и целиот летечки циркус околу нив, рече Мециновиќ.
Погледнете го целото интервју во видеото:






