(Видео) 10, 9, 8, 7… Како светна елката во Скопје?

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски со свечено осветлување на новогодишната елка и официјалното отворање на Божиќниот маркет вчера вечерта го означи почетокот на празничната магија во Скопје. 

-Од срце ви благодарам, драги скопјани, најдраги дечиња, за масовното присуство, за радоста и за прекрасната енергија што вечерва ја споделивме заедно.  Свечено ја осветливме новогодишната елка и официјално го отворивме Божиќниот маркет, со што симболично го означивме почетокот на празничната магија во нашиот главен град. Со оваа церемонија, Скопје направи значаен чекор напред кон визијата да се развива рамо до рамо со современите европски градови, создавајќи настани што носат позитивна енергија, заедништво и радост за сите генерации, рече Ѓорѓиевски.

Фото: Неда Тануровска/ Град Скопје

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ