Според конечните резултати од Државната изборна комисија, кандидатот на коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Грозданов, обезбеди убедлива победа над независниот кандидат Венко Крстевски.
По обработени 100% од гласачките места, Грозданов освои 7.368 гласа, односно 52,71% од поддршката, додека Крстевски доби 5.914 гласа, или 42,31%. Излезноста во вториот изборен круг изнесуваше 43,01%, а забележани се и 697 неважечки ливчиња.
Со оваа победа, Грозданов го наследува поранешниот градоначалник Љупчо Папазов, кој поднесе оставка по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ и е меѓу обвинетите во истиот случај.





