Влатко Лозаноски со мега шоу: „Километри Љубов” на 7 март во арена „Борис Трајковски”

Фото: Фејсбук

Влатко Лозаноски најавува незаборавна вечер исполнета со љубов, емоции и врвна музика за 7 март. Концертот „Километри Љубов” ветува да биде едно од највпечатливите музички случувања на годината – спектакл подготвен од огромен тим со многу страст и посветеност.

„Работиме нешто навистина многу посебно и многу ново за мене – концерт што ќе спои топ звук, врвен стејџ, движење, емоции. Ќе има танчери, гости, изненадувања и песни кои ќе ги слушнете во сосема ново издание. Ја замислуваме вечерта како претстава, како еден целосно спакуван спектакл. Искрено, многу сум возбуден, правиме нешто што се случува многу ретко” вели Лозано за концертот во арената „Борис Трајковски”.

Картите за настанот кој не смее да се пропушти се веќе во продажба! Промотивни понуди за истите веќе можат да се најдат на сајтот на kupikarta.com.

Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5714

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ