Влезот за натпреварот Македонија – Летонија е слободен, одлучија од ФФМ

Фото: ФФМ

Слободен влез на Националната арена за Македонија – Летонија, информираат од Фудбалската федерација на Македонија.

-Македонската А репрезентација во четврток, 13 ноември, со почеток во 18:00 часот, ќе го одигра последниот домашен натпревар оваа година. На Националната арена „Тодор Проески“, нашата најдобра селекција ќе одигра контролен натпревар против Летонија. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја информира јавноста дека влезот за овој натпревар ќе биде слободен за сите навивачи. Ова е наш начин да изразиме благодарност до сите поддржувачи за нивната безрезервна поддршка во текот на целата година, информират од ФФМ и додаваат:

-Истовремено, сите оние кои веќе купиле влезница за овој натпревар ќе добијат бесплатен билет за следниот домашен натпревар на репрезентацијата, без разлика дали ќе се работи за бараж за пласман на Светското првенство или за натпревар од друг карактер. Ве покануваме заедно да создадеме уште една убава атмосфера и да им дадеме силна поддршка на нашите фудбалери на последниот натпревар пред домашната публика оваа година и поттик за квалификацискиот меч против Велс во Кардиф, се вели во соопштението.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ