ВЛЕН поднесе пријава во ЈО против Бујар Османи – Каде се над 120 милиони денари потрошени за ОБСЕ самитот без документација и евиденција?

Фото: Википедија

ВЛЕН денес поднесува пријава до Јавното обвинителство за да се постапи по негативниот извештај на Државниот завод за ревизија за времето кога министер беше Бујар Османи.

-Ревизорите утврдија дека над 120 милиони денари се потрошени за ОБСЕ самитот без документација и евиденција. Тоа отвора сериозни сомнежи за злоупотреби на јавни пари. Нема докази каде се потрошени парите и Јавното обвинителство мора да истражи. Ова не е прв пат, и како министер за здравство Османи доби негативен извештај, а институциите го амнестираа. Денес нема да дозволиме да го гледаме истото сценарио во кое судството и обвинителството молчат. Граѓаните заслужуваат отчетност и правда. ВЛЕН нема да молчи. Очекуваме Јавното обвинителство да отвори случај и да покаже дека за сите важат истите правила. Дека сите граѓани се еднакви, изјави Гранит Османи

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ