ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се борат за 16 општини, а владините коалиционери се во директна трка за Брвеница

Државната изборна комисија (ДИК) за завршени ги прогласи изборите за градоначалници во 44 општини. Во 33 ќе се гласа во втор круг во недела, додека за четири општини новиот датум за избори од почеток ќе биде објавен по прогласувањето на Локалните избори за завршени.

Изборите за општини совети се завршени во сите општини и Град Скопје, освен за Шуто Оризари, каде по прифатените приговори од Управниот суд, во недела ќе се прегласува на три избирачки места како и за избор на градоначалник.  

Со денешнава објава на 11-те општини за избор на градоначалник во прв круг и претходните 33 од минатиот четврток каде што немаше приговори, вкупно се завршени 44 општини каде што е извршен избор на градоначалник во првиот изборен круг. Остануваат уште 33 општини кои ќе одат во втор круг, кажа на седницата претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

Во недела ќе се гласа за градоначалник во општините: Аеродром, Боговиње, Валандово, Виница, Дебар, Демир Капија, Дебарца, Дојран, Зрновци, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Центар, Чешиново Облешево, Чучер Сандево , Шуто Оризари и Град Скопје.  

Коалициите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ќе се борат за 16 општини, НАИ и ВЛЕН во две, ВМРО ДПМНЕ со независни кандидати во четири општини, со тоа што двајца од независните се повлекоа од трката, признавајќи ја припадноста кон оваа партија како нивна матична партија (Могила и Македонски Брод), со НАИ, владејачката партија ќе се бори за Кичево, каде нејзиниот кандидат соопшти дека ја има поддршката од Левица, со коалиционерот ВЛЕН за Брвеница, со Искуство за успех во Карпош.

ЗНАМ е во трка за Куманово и Центар со независен кандидат и СДСМ, Левица со ВМРО ДПМНЕ за Град Скопје. Во Струга и Студеничани е коалицијата на ДУИ – НАИ со независни кандидати. ВЛЕН со независен кандидат за Дебар, додека во Струга го поддржува независниот кандидат за градоначалник.

В.К.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ