(Вознемирувачко видео) Како српските полицајци шутираат возач, превезувал мигранти и не застанал на- стоп!

Фото: Инстаграм видео

Возач на „Сеат Алхамбра“ Н.М. бил уапсен во Србија по полициска потера. Во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Србија беше наведено дека тој не ги послушал наредбите на полицијата да застане, дека ја пробил рампата и нелегално превезувал мигранти. Тие исто така наведоа дека полицајците кои го запреле се суспендирани. Објавено е видео кое покажува зошто.


Како што може да се види на видеото, тројца полицајци брутално го удираат возачот додека лежи на патот. Возачот е повреден, пренесува Н1.инфо.ба.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ