Ужасен пожар го опустоши популарниот бар „Ле Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кранс-Монтана на новогодишната ноќ, оставајќи најмалку 40 мртви и стотици повредени, прнесува индекс.хр.
Додека истражителите се обидуваат да го состават мозаикот на трагедијата, сведоците известуваат за бизарна низа настани што можеби довеле до катастрофата – од келнер кој танцувал со прскалка на рамената на колега до невнимателното ракување со шишиња шампањ.
Неколку сведоци наведуваат дека пожарот избувнал поради славеничките реквизити. Еден од преживеаните раскажа за францускиот новински канал БФМ како сè започнало.
„За време на забавата, келнерот се качи на рамената на колегата. Во раката држел свеќа или прскалка за роденден, а раката ја држел многу блиску до таванот. Таванот за неколку минути беше во пламен“, рече тој.
Друг сведок, Ема, верува дека пожарот почнал да се шири откако гостите славеле со шишиња шампањ на кои биле закачени римски свеќи.
„Некои од тие шишиња беа премногу блиску до таванот, што набрзо се запали. Пламенот се ширеше навистина брзо, не траеше долго и сè гореше. Траеше само неколку секунди. Истрчавме надвор, врескајќи и плачејќи“, рече таа.
Трагедијата, која се случи околу 1:30 часот наутро, резултираше со црн биланс од над 40 мртви и 100 повредени, од кои многумина се во сериозна состојба. Меѓу жртвите има и туристи.
#BreakingNews 💔📷 A SHOCKING START TO THE NEW YEAR: Switzerland is mourning after a deadly club fire in Crans-Montana claimed nearly 40 lives. What should have been a celebration turned into one of the country’s deadliest tragedies. #Iran pic.twitter.com/5Ej22pPR2n
— Rubina Yesmin (@rubina_yesmin0) January 2, 2026
Според изјавите, единствениот излез од подрумскиот дел од барот бил тесен и со стрмни скали. Кога избувнал пожарот и се случило стампедо, скалите се претвориле во смртоносна стапица.
„Целиот таван почна да гори. Сите прозорци беа со чад и црни. Некои луѓе ги скршиле прозорците за да влезе воздух во клубот. Беше огромна паника“, рече таа, додавајќи дека мисли дека многу жртви се задушиле.
Идентификацијата на жртвите ќе биде долг процес поради сериозноста на изгорениците.
„Веќе почнавме со идентификување на жртвите и известување на нивните семејства, но ќе биде потребно извесно време и во овој момент е прерано да се даваат точни бројки. Скршени сме“, рече Жислер.







