Прегазено куче во населба во Софија предизвика бран негодувања на социјалните мрежи. Инцидентот се случил во неделата пред станбена зграда, а за тоа се дознало од широко распространетите снимки од безбедносните камери, пренесува днес.бг.
Мештаните се грижеле за кучето, кое имало куќичка и редовно го хранеле. Утрово, луѓето од квартот се собрале на местото на инцидентот за да го изразат своето негодување од она што се случило, објави бТВ.
Според Танева, кучето Маја било многу добро и мирно, никогаш не покажувало агресија.
„Сакаме строги мерки и примена на законот – казна за убиецот“, додаде таа.
Гаражата на човекот што го прегазил кучето била обоена со натпис „Убиец“. Тој е доктор во ВМА. „Како може доктор, кој е одговорен за спасување животи, да му го одземе животот на куче. Шокирана сум“, рече Танева.
Соседите рекоа дека мажот се иселил од зградата, дека живеел во неа под кирија. „Намерно го прегази кучето со колата. Можеби очекуваше да се исплаши, но тоа е старо – на 12 години нема таква реакција“, рече друга жена, која живее во блокот.
„Ќе организираме протест, бидејќи она што можете да го видите на видеото не е редовно и ние сме против ваквите постапки. Тој се оправда пред полицијата дека тоа се случило ненамерно, но на видеото може да се види дека намерно го прегазил кучето, па излегол од автмобилот за да се увери дека го убил. Ако било ненамерно, ќе се врател и ќе провери“, коментира пријател сосед од блокот.
Јавор Гечев од „Четири Лапи“ рече дека реакцијата на мажот била највознемирувачка: „Виде дека го прегази кучето и дури не се потруди да го отстрани, па го прегази повторно. Ова е апсолутен доказ дека е со умисла и без емпатија. Ова е лекар на кого не би му поверил ниту децата, ниту моите роднини, ниту моите миленици, ниту на таков лекар нема место во здравствениот систем – овој човек не покажува емпатија во ниту една елементарна ситуација, тој ли да ги лекува пациентите без емпатија.“
Активистката објасни дека законот предвидува казна од 1 до 5 години затвор и парична казна од 1.000 до 5.000 лева, но кога делото е извршено на брутално насилен начин над животното, на јавно место или со опасни средства – казната достигнува до 8 години, а паричната казна до 10.000 лева.
„Сосема е можно да има ефективна пресуда во овој случај. Досега, институциите дејствуваа сосема соодветно – во рок од 48 часа се формира предмет во судот“, додаде тој.
Гечев објасни дека Бугарија има една од најсериозните санкции за насилство врз животни, но само на хартија. Случајот е под истрага. Според СДВР, сторителот е 29-годишен, државјанин на Северна Македонија. ВМА објасни за бТВ дека раководството на болницата било информирано за инцидентот.
Дека жителите не се откажуваат од гонење на лекарот покажува и групата на Фејсбук, која направила петиција.
-Оваа е група која има за цел да го гони и убиецот на невината душа Маја за да добие најстрога можна казна!
Покрај опомена – инсистираме на дисциплинско разрешување од ВМА и одземање на медицинските права за работа во Бугарија! На крај, но не и најмалку важно – инсистираме да му се одземе работната виза и да му се протера од Бугарија! Ладнокрвните и насилни убијци немаат место меѓу нас! Кој ќе убие куче на таков жесток начин, утре ќе убие човек, се вели во описот на групата.




