(Вознемирувачко видео) Страшна глетка! Земјотрес во Авганистан, над 600 загинати и повеќе од 1.500 повредени

фото: принтскрин Икс/@Zarifa_Ghafari

Најмалку 622 лица загинаа, а повеќе од 1.500 се повредени во силниот земјотрес со јачина од 6,0 степени што синоќа нешто пред полноќ го погоди источниот дел на Авганистан, соопшти утринава авганистанското Министерство за внатрешни работи кое е под контрола на талибанците.

Американскиот геолошки институт објави дека потресот се случил во 23:47 часот (локално време) во планинската провинција Кунар, на 27 километри североисточно од градот Џалалабад, во покраината Нангархар. Дваесет минути подоцна регистриран е уште еден земјотрес со јачина од 4,5 степени во истата област.

Според властите, загинати и повредени има во окрузите Нур Гул, Соки, Ватпур, Маноги и Чападаре. Земјотресот бил почувствуван и во главниот град Кабул, како и во пакистанската престолнина Исламабад.

– Во Кунар, најпогодената покраина, огромен број домови целосно уништени, изјави за ДПА портпаролот на талибанското Министерство за внатрешни работи, Абдул Матин Кани.

Екипите за спасување се обидуваат да стигнат до оддалечените планински региони, но ограничените комуникации и тесните патишта ја отежнуваат акцијата. Властите во Кабул побараа меѓународна помош.

Авганистан е подложен на силни и чести земјотреси, особено во регионот на Хиндукуш, каде што се сретнуваат индиската и евроазиската тектонска плоча. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ