„Сум бил во објектот, но не сум бил откако е дискотека. Сум бил претходно коа бил магацински простор, теписи, некои други дејности, зборам за пред 20 години. По некоја случајност бев влезен. Шупа, гаража. Меѓутоа не знам како бил како диско, никогаш не сум бил во дискотеката.“ – се сеќава Зоран Јорданов, татко на загинатата Сара Јорданова.
„Таа вечер сите бевме излезени, плнирано беше да одат на концерт со брат и. Беа двајцата таму. Кобното беше 03 30, кога мајка на нејзина другарка ни се јави и рече „ќерка ми е дома, но ни рече дека Сара е во диското, а диското има пожар“. Почнуваме да ѕвониме, се јави син ми, рече јас сум во болница, Сара е во болница. Он ја вади на раце од дискотеката, влегол внатре, можеле и двајцата да останат таму, ми вика јас сум во болница, ја предадов на докторите. Ние се смиривме, зашто во болница е, не знаеме што се случува. Стигнавме таму, син ми беше во групите што ваделе деца, вадеше други деца од колите. Каде е Сара? – Сара е таму предадена. Докторите, секоја чест, тоа што го правеа, тоа што го видов. Стигнавме таму 15 до 4, во 4 ни беше веќе јасно, не сакавме да прифатиме. Не сме имале ни лажна надеж, од задушување, во болница не е донесена жива. Кога едно време се освестив, ги ставаат на под, на клупа, дека децата што ги ставаат се починати. После војна генерали. Да не се навраќаме што би било кога би било, сега судењето да ги истера работите на прав пат, децата нема да ни се вратат. Да не се дешаваат вакви работи и најмала можност да нема повторно да се десат. Не сакам да се навраќам што можело да се направи.“ – вели Зоран Јорданов, татко на Сара Јорданова.
Целата емисија Стадион можете да ја погледнете на линкот:






