ExYu
Fresh
Cafe
Radio EastGate Mall
Play button

Ноќен Експрес

Во Македонија богатите плаќаат помалку сиромашните повеќе

today27/12/2018 4

Background

Во моментов во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување има 536 000 осигуреници а од нив реално се плаќаат придонеси реално за 498 000 граѓани.Бројката на пензионери кои што примаат пензија во моментов е плус – минус 293 000 .

Тоа ни кажува дека на секој пензионер имаме 1.7 вработени.За да имате оддржлив пензиски фонд кој треба да менаџира со пари , треба да има еден пензионер на тројца вработени за да не треба државата од буџетот да прелева 43 % за да може секој месец да се исплати пензија вели Мила Царовска од ДС во 50 тот издание на Ноќен Експрес Втора сезона.

Доколку силна политичка партија ја освои власта треба да направи чекор напред на ново поместување на пензискиот систем а тоа е покачување на придонесите.Пред 6 години кога пензискиот фонд тонеше се направи намалување на придонесите од 21 на 18% што предизвика економска неодржливост.

Голем број од граѓаните незнаат дека придонесите се ограничени на само 6 месечни плати, така менаџери кои примаат и по 89 000 евра плата месечно плаќаат придонеси на само 6 месечни плати тоа се 2.500 евра.Во Македонија побогатите плаќаат помалку придонеси тврди Мила Царовска за 50 тото издание на Ноќен експрес.

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%