Вработен од туристичка агенција земал 2.000 евра од жена од Куманово, па исчезнал

Фото: МВР

Жена од Куманово отишла во туристичка агенција во Скопје за да изврши уплата за патување. Вработениот во агенцијата побарал парите да му ги даде на рака, уверувајќи ја дека сметката за уплатата ќе ѝ биде издадена дополнително.

По изминат одреден период, жената неколку пати се обидела да го контактира за да ги добие документите за патувањето, но осомничениот ѝ соопштил дека не може да ги обезбеди. Кога побарала враќање на парите, тој престанал целосно да одговара на нејзините повици.

Инцидентот бил пријавен на 28 октомври 2025 година во Секторот за внатрешни работи – Скопје, каде 28-годишната жена пријавила дека била измамена за износ од 2.000 евра.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со измамата.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ