Времето ни ваму ни таму -Топло до 24 степени, но и поројни дождови со грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец, кој ќе достигне над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од осум до 15 степени, а максималната ќе достигне од 14 до 24 степени. 

Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а локално пороен. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура 13 степени, а максималната ќе достигне до 23 степени. 

Како што информира УХМР, в сабота ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во западните делови наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.

В недела ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ