Газдите на барот на смртта во Кран-Монтана денес на суд, ги бранат тројца адвокати

Фото: Х видео принтскрин

Сопствениците на популарниот бар „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Жак и Џесика Морети, денеска се појавија за првпат пред истражен судија во Сион како осомничени во врска со пожарот од 1 јануари во кој загинаа 40 лица, меѓу кои 21 лице под 18 години.

Тие ги дадоа своите искази во канцеларијата на Министерството за правда на Кантонот Вале, во придружба на тројца адвокати.

Иако се соочија со голем број новинари, кои ги чекаа пред зградата, осомничените не дадоа никакви изјави. И адвокатите, исто така, одбија да коментираат за случајот, јавува швајцарскиот јавен сервис РТС.

Според информациите од истрагата, осомничените се товарат за убиство од небрежност, предизвикување пожар и телесни повреди предизвикани од небрежност.

Како дел од денешната истрага, предводена од обвинителите, фокусот беше ставен на имотната состојба на семејството Морети, додека конкретни прашања за причините за трагедијата се очекуваат подоцна.

Иако деталите за самиот пожар не беа разгледани, жртвите во овој случај, како и адвокатите на жртвите, ќе имаат можност да поставуваат прашања за време на следните рочишта.

Истрагата ќе продолжи во наредните денови.

Денеска низ цела Швајцарија е прогласен Национален ден на жалост во спомен на сите жртви од пожарот во Кран Монтана.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ