Во текот на изминатата ноќ избил пожар во познатиот штипски ресторан „Мал Одмор“.
На терен интервенирала штипската противпожарна единица со 3 возила и 12 пожарникари.
При пожарот причинета е значителна материјална штета, но според неофицијалните податоци нема повредени лица.
Очекуваме повеќе официјални информации во текот на денот.



