Го убил со нож во срце, па побегнал – Расчистено убиството во Старата скопска чаршија, уапсен убиецот во Косово, се чека екстрадиција

Фото: МВР

Полициски службеници од  Единица за насилен криминал, Одделение за крвни деликти при СВР Скопје, врз основа на наредби од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје презедоа повеќе дејствија за обезбедување докази со кои целосно беше расчистен настанот кој се случи за време на новогодишната ноќ пред угостителски објект во Старата скопска чаршија, при кој со остар предмет беше лишен од живот А.М.Д.(22) од Турција, а Ч.Е.(23) од Турција беше повреден.

-Врз основа на обезбедените докази, Министерството за внатрешни работи денеска поднесе кривична пријава против М.Т. (25) од Република Турција со престојувалиште во Тетово бидејќи постои основано сомнение дека е извршител на кривично дело – Убиство од член 123, како и едно кривично дело Убиство во обид односно согласно член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Во рамките на преземените дејствија јавен обвинител нареди обдукција на починатиот, беа подигнати траги за вештачење, беа извршени разговори со повеќе лица, а беа обезбедени и снимки од видео надзор преку кои беше извршена идентификација на осомничениот. М.Т. на критичната ноќ во кафе бар во чаршијата започнал расправија со А.М.Д. и Ч.Е., по што двајцата оштетени заедно со други лица заминале кон плоштадот. Меѓутоа бидејќи не успеале да најдат такси повторно се вратиле кон чаршијата и поминале во близина на истиот кафе бар. При повторна средба со осомничениот, расправијата продолжила, а М.Т. извадил нож со кој му нанел четири удари во градниот кош и срцето на оштетениот А.М.Д., кој починал на лице место. Со еден удар му нанел телесна повреда – убодна рана во грбот и на Ч.Е., со намера и него да го лиши од живот, по што побегнал од местото на настанот. По преземени оперативно-тактички мерки од страна на органите на прогонот добиени се сознанија дека осомничениот М.Т. се наоѓа во Косово, каде е лишен од слобода од страна на косовските органи, информираат од МВР.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против турски државјанин за кого постои основано сомнение дека е извршител на кривично дело – Убиство од член 123, како и едно кривично дело Убиство во обид односно согласно член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

-Во новогодишната ноќ, во кафе бар во Старата скопска чаршија, осомничениот 25-годишник со престојувалиште во Тетово започнал расправија со двајца други турски државјани на возраст од 22 и 23 години, од кои едниот со престојувалиште во Скопје, а другиот жител на германскиот град Есен. По расправијата, двајцата оштетени со други лица заминале кон плоштадот, меѓутоа бидејќи не успеале да најдат такси повторно се вратиле кон чаршијата и поминале во близина на истиот кафе бар. При повторна средба со осомничениот, расправијата продолжила, а тој извадил нож со кој му нанел четири удари во градниот кош и срцето на оштетениот Ахмет Мерт Доган, кој починал на лице место. Со еден удар му нанел телесна повреда – убодна рана во грбот и на другиот оштетен, со намера и него да го лиши од живот, по што побегнал од местото на настанот, информираат од ОЈО и додаваат:

-Во текот на вчерашниот ден беа преземени повеќе дејствија за обезбедување докази, беше наредена обдукција на починатиот, беа подигнати траги за вештачење, беа извршени разговори со повеќе лица, а беа обезбедени и снимки од видео надзор преку кои беше извршена идентификација на осомничениот. Со дејствија на потрага истражните органи добија сознанија дека осомничениот се наоѓа во Косово, каде е лишен од слобода од косовските органи, така што јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор во отсуство врз основа на кој веднаш ќе биде иницирана постапка за екстрадиција, се вели во соопштението.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ