Градоначалникот на Крива Паланка се фрли по крстот

Градоначалнико на Крива Паланка, Сашко Митовски, денес на големиот христијански празник Богојавление – Водици, се фрли по светиот крст во студените води на Крива Река, во чест на светите води и вековната православна традиција. Со ова Митовски испрати силна порака на вера, заедништво и почит кон православните обичаи.

-Бог се јави! Од срце на сите верици им го честитам празникот и им посакувам здравје, срека и благосостојба. Верник суми ги почитувам сите обичаи. Прв пат се фрлам по крстот и навистина е убаво чувство. Водата во Крива Река, вообичано е многу студена, но тоа не беше проблем ниту за другите ниту за мене, кога вербата се носи во душа. Не го фатив крстот, го фати другар од моето друштво, бидејќи цело друштво се пријавивме. Мене и не ми беше целта да го фатам крстот, туку да ја почувствувам оваа неописива енергија и верба во Бог. Нека е за многу години, рече градоначалникот Митовски за Канал77.

Наум Додевски е среќникот кој го извлече светиот крст положен во водите на Крива Река,  од педесетината кои скокнаа по крстот. По традиција денес крстот ќе прошета по сите домови во Крива Паланка за дарување и, како што рече градоначалникот, средствата што ќе бидат собрани ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства.

На фрлањето на крстот присуствуваа голем број граѓани и верници, кои со искрена поддршка и аплауз ја споделија празничната атмосфера.

По фрлањето на светиот крст, Општина Крива Паланка организираше празнична прослава за сите присутни. Беа бесплатно поделени повеќе од 4.000 порции пивтија, топли пијалоци и скара, а настанот беше збогатен со пригодна музичка програма.

Празничната атмосфера дополнително беше збогатена со настапот на Ленче Кукиќ, која со своите песни внесе радост правејќи го овој ден уште попосебен за сите генерации.

„Нека светите води ни донесат здравје, мир и благосостојба во секој дом“, порача градоначалникот Сашко Митовски по завршувањето на настанот.

А прославата продолжи со песни и големо оро во кое уживаа сите кривопаланчани.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ