„Градоначалниче, вратете го Ѓорги Галетановски, Зоолошка нема време за експерименти“ – Апел на вработен до Ѓоргиевски

Фото: Фејсбук

Војо Иванов, долгогодишен активист за права на животните и вработен во Зоолошката градина во Скопје, се обрати до новиот градоначалник Орце Ѓоргиевски. Тој го повика градоначалникот да ги посети и го замоли за директор на Зоолошка да го врати Ѓорги Галетановски, бидејќи идната година градината слави 100 години, а состојбата е очајна.

Неговиот апел до Орце Ѓоргиевски ви го пренесуваме во целост:


-Се обраќам јавно исто како и на претходната „мајка” на Градов-кога јавно ја молев да не посети,слушне и разбере, ама за жал ништо не направивме-напротив не ни очекував дека може до тука да не донесе,ама ете не…
Следната година треба заедно да славиме 100години постоење, не сум сигурен со сегашнава состојба дали нешто има за славење, за жал ние управуваме со институција во која енергијата на дневна основа многу се рефлектира на животните и секако посетителите можат исто така да ја почувствуваат.
Ние вработените „доле“,зоонегователи имаме специфична работа-од една страна ним да им придонесеме за благосостојба секој ден, од друга страна да мотивираме и едуцираме публика да сака и почитува природа, директорите само треба да ни бидат „сенка и ветар во грб” за да може ние да си ја завршиме работата.
Ве замолувам и предупредувам од ризик на нови експерименти, институцијата ни е во многу тешка состојба!
Целиот мој живот го фокусирав на работа со животни.
Целата моја енергија ја посветувам таму на Илинденска, сега веднаш до вашата канцеларија.
Кога имате време посетете не па и ке не запознаете како тим.
Прееска ме мотивиравте со интервју во кое се трудите да ја добиете довербата со изјавата дека директно ке се вклуците во работата на секоја јавна установа иако да признаам не гласав за Вас,се надевам дека коректно ќе постапите и дека ќе ме уверите дека сум згрешил!


Би сакаал да не води човек кој ќе не слуша, кој ќе има пасија и желба да научи првично за нашата работа,а потоа(неопходно)добар менаџер.
Мој предлог беше да го вратите Ѓорги Галетановски зашто навистина немаме време и капацитети да експериментираме-а тој се надевам ќе се откаже од сегашните ангажмани и ке се врати? Тука сме истите луѓе, истиот простор и животни, само таа позиција е различна-покажавме дека од институцијава може да направиме добра приказна
ПС. Мислам дека со годиниве покажав доволно дека немам апсолутно никакви амбиции да бидам на таа фукнција! Затоа и молам статусов да не се доживее за таков-уживам денот да го поминам во штала, во базен, да мирисам на бара, риба, по малце на камили, да бидам искасан од пингвини, а во џебовите да перам кликери и таблети, витамини -уживам да шетам и раскаживам на деца за природата ,па дури и да урлам и се карам за викенди со публика(Господо).
Барам/замолувам- само да можеме да работиме!!!
Благодарам

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ