„Оваа недела решивме утринското кафе да го пиеме заедно со Никола Карев.“ – со оваа реченица ја започнаа објавата за чистењето на обраснатиот и валкан спомен парк на местото каде во 1905 животот го загубил Никола Карев.
„Спонтано се собравме 6 доброволци и одлучивме да направиме нешто едноставно, а важно – да го уредиме запоставениот меморијален парк посветен на еден од најзначајните македонски револуционери – Никола Карев. Не ни требаше многу… неколку алати, две коли, две кучиња, малку храна, вода и најважното… љубов за татковината, за Македонија! Ова не беше само обична акција, ова беше потсетник дека ако ние не се грижиме и ја негуваме нашата историја, никој нема да го направи тоа наместо нас.“ – напишаа групата млади од „За почиста Македонија“.
(K.M.)





