Девојка (21) се породила во тоалетот на Итната помош и потоа го задушила своето бебе – случај од Урошевац, Србија

Основниот суд во Урошевац, Србија објави дека девојка (21) се породила во тоалетот на Итната помош на 5 мај, околу 19:45 часот, а потоа го задушила сопственото новороденче. Против мајката е покрената постапка за кривично дело „убиство на новороденче при породување“.

– Врз основа на наредбата на обвинителот, телото на новороденчето е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Приштина. Се преземаат потребните истражни дејствија, а во оваа почетна фаза, ова се информациите што можеме да ги споделиме – се наведува во одговорот на Обвинителството до медиумите.

Полицијата потврди дека осомничената е задржана на понатамошно лекување во медицинска установа.

Според локалните медиуми, 21-годишна жена се јавила во Итната помош жалејќи се на болки во стомакот, но не пријавила дека е бремена. Наместо тоа, таа наводно рекла дека имала менструација пред една недела и дека не била свесна за бременоста.

Девојката се породила во тоалетот, а медицинарите, слушајќи дека водата се пушта по неколку пати во тоалетот, влегле внатре и го пронашле мртвото бебе. Има сомневања дека новороденчето е задушено.

Случајот е сè уште во фаза на интензивна истрага, а Обвинителството и полицијата продолжуваат да собираат докази.

Извор: Блиц

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ