Денеска во Скопје со почеток од 12:05 часот ќе започне 30-тиот Марш за ангелите, протест на семејствата на загинатите од трагичниот пожар од дискотеката Пулс и иницијативата „Кој е следен?“.
Протестот ќе започне од плоштадот Македонија, потоа ќе се упати кон Собранието, а од таму ќе продолжи кон Кривичниот суд.
Судењето за најголемата трагедија во поновата македонска историја во која загинаа 63 лица, а 211 беа повредени, ќе започне на 19 ноември.




