Дете(17) од Скопје се обидело да го убие татка си, му нанело 10 убодни рани

Фото: МИА

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен судија за деца поднесе Барање за поведување подготвителна постапка спрема 17-годишно дете во судир со законот, за кое постои основано сомнение дека извршило дејствие што со закон е определено како  кривично дело – Убиство по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

-Вршејќи семејно насилство во сопствениот дом на улицата “Христијан Тодоровски Карпош” во Скопје, малолетникот со умисла се обидел да го лиши од живот својот татко. Додека таткото бил во спалната соба, детето му пришло зад грб и со остар предмет му нанело 10 убодни рани. Во близина била мајката, која успеала да го оттурне детето и веднаш да повика медицинска помош. И по извршен оперативен зафат на Клиничкиот центар „Мајка Тереза”, таткото е во живото-загрозувачка состојба. Со барањето за поведување подготвителна постапка во согласност со Законот за правда за децата, јавниот обвинител предложи на малолетникот да му биде определена и мерка притвор, информират од ОЈО.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ