Дислокација на цементарницата е барањето од граѓанската блокада кај Усје

преполна со граѓаните, кои физички го блокираа сообраќајот во близина на цементарницата Усје во знак на протест од загадувањето на градот.

Нивното главно барање е дислокација на цементарницита, која како што сметаат граѓаните е главен виновник за труењето, испуштањето на канцерогените супстанци во воздухот и загубата на илјадници животи.

„Од Усје треба да сопрат со горење на увезен отпад, да почнат користат гас и други енергенси. Понатаму да следи дислокација. Цементарницата треба да биде минимум 5 километри надвор  од населено место. За тоа сме дојдени, за тоа ќе се бориме, ќе излегуваме на протест додека не се исполнат нашите барања“, изјавија од иницијативата „Стоп за Усје“.

Најавија нови протести по празниците, бидејќи како што рекоа, „овој проблем мора да се реши, нема веќе трпение“.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ