„Диџеј Ахмет“ ја подели првата награда со бугарскиот филм “Made in EU” на фестивалот во Вирцбург, Германија

Со само неколку децимали разлика во освоените поени од публиката, по пребројувањето на гласовите, македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ ја подели првата награда со бугарскиот „Made in EU“ на 52-от Меѓународен филмски фестивал во Вирцбург, Германија.

Филмот на Георги М. Унковски, кој ги освојува светските фестивали,  покрај првата награда, беше и најгледан филм на фестивалот.

Како што информираа организаторите, „Диџеј Ахмет“ беше најгледан филм на филмскиот фестивал со 328 гледачи во редовната програма, а проекцијата беше распродадена за отворањето на фестивалот.

Наградата на германскиот фестивал е само една од десетината светски награди кои ги освојува овој македонски филм од неговата премиера.  

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ