Додека се снимал пациент со кислородна поддршка на Радиологија, се расипал апаратот

Фото: Радиологија

Министерството за здравство соопшти дека согласно информации од Институтот за радиологија, во текот на вчерашниот ден се случил технички проблем при снимање на магнетна резонанца на пациент кој бил приклучен на кислородна поддршка по што веднаш се преземени сите безбедносни мерки, а пациентот е во добра здравствена состојба.

-Во меѓувреме се работи на отстранување на дефектот на апаратот, а сите пациенти непречено ја добиваат потребната здравствена услуга на другите два апарата за магнетна резонанца. Во интерес на пациентите е воведена и втора смена за снимање на МР се до надминување на техничкиот проблем, наведуваат од Министерството. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ