ДУИ организира протест во Скопје како поддршка на поранешните водачи на ОВК на кои им се суди во Хаг

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, најави протест како поддршка на поранешните водачи на ОВК на кои им се суди во Хаг. Протестот ќе се одржи на 13 декември на плоштадот Скендербег во Скопје.

„ Ќе протестираме  во Скопје за да побараме правда и да изразиме поддршка за ослободителите кои неправедно се држат во затворите во Хаг“, рече Ахмети.

Тој ги покани Албанците да се приклучат на овој протест, како што рече, „за да бидат сведоци на чистата борба за слобода и независност“.

Ахмети беше учесник и во двата големи протести што беа организирани во Приштина и Тирана во одбрана на поранешните водачи на ОВК.

„Ова е политички срам, а не повик за правда“, напиша Шек Халачи, еден од осудените за настаните од Куманово, кој смета дека Ахмети нема лице да застане на чело на овој протест.

Извор: Телеграф

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ