„Галебе“ не е само една песна песна која ја направил мастро Кире Костов, таа е една од многуте, која ќе остане за навек. Анеговиот опус не смее да се заборави. И не се заборави ико тој веќе не е меѓу нас.
Вчера вечерта во „Арс Ламина“ во Скопје беше промовирана монографијата за Костов „Летај низ солзи мој, галебе мој тажен“, на 246 страници, која ја напишаа професорката по пијано и музичка публицистика Снежана Чадиковска-Анастасова и Марко Коловски. Монографијата ја издаде Кармен Костова, сопруга на композиторот и професорката по пијано.

Книгата е насловена токму по неговиот хит, а своевремено ј отпеа Верица Ристевска.
„Мојот живот го поминав со еден композитор и надарен човек, но и многу топол човек со широко срце. Благодарна сум што не сакајќи ни нацрта една линија и знам дека сакаше неговото семејство никогаш да не биде под линијата на човештината и професионализмот. Благодарам на моите ќерки и внуки кои се секогаш до мене во еден навистина тежок и несекојдневен период, знаеле да помогнат“, рече Кармен Костова.
Марко Коловски, пк, рече дека: „Ако музиката е една голема галаксија, Кире Костов е најголемата ѕвезда во неа“.
Меѓу гостите н промоцијата беа Верица Ристовска, Славе Димитров, заедно со синовите Дарко и Оливер, д-р Миодраг Врчаковски, кој ги напишал стиховите за многу од неговите песни, Лидија Кочовска, Александар Митевски, Мартин Вучиќ, Живкица Каленикова и други…

На 11 ноември во Националната опера и балет ќе се одржи концерт во чест на Кире Костов, на кој познати македонски пејачи ќе ги испеат неговите најголеми хитови во придружба на оркестар.




