Забрана за рекламирање и промоција на секаков вид цигари во медиуми, на интернет, социјални мрежи и на настани, наградни игри, попусти, подароци

Фото: АА

Новиот предлог-закон за заштита од пушење предвидува целосна забрана за рекламирање, промоции и спонзорства од тутунската индустрија. Овие законски одредби се однесуваат на објави во медиуми, на интернет и социјални мрежи, како и на настани, наградни игри, попусти, подароци.

Лесната достапност и видливоста на производите го зголемуваат бројот на нови корисници, особено меѓу децата и младите, а намалувањето на видливоста е една од најефикасните мерки за превенција. Заштитата на децата е апсолутен приоритет, оценува министерот за здравство, Азир Алиу.

Дополнително, покрај забраната за продажба на малолетни лица не само на класични цигари, туку и на сите останати никотински производи, со воведува и забрана за јавно изложување тутунски и никотински производи на продажни места, како и за продажба на тутунски и никотински производи во угостителски објекти, спортски и културни објекти и јавни настани.

Рекламирањето директно влијае врз започнување на пушење, особено кај младите. Со овие законски одредби се превенираат прикриените форми на промоција на овие производи. Јавното здравје има предност пред комерцијалниот интерес, појаснува министерот Алиу.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ