За влакно избегната катастрофа – гореше делот за метан во пречистителната станица во Мојанци

Пожар што избувна во пречистителната станица на отпадни води во кочанското село Мојанци, се закануваше да предизвика катастрофа, откако со оган бил зафатен делот од постројката каде се собира отпадниот метан. Во обид да се превенира експлозија, чуварот и двајца жители на селото, кои дошле на помош, завршиле со интервенција од екипата на Итната помош поради вдишан чад.

Како што соопшти полицијата,синоќа во 21:05 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во близина на с.Мојанци, кочанско, настанал пожар во објект во склоп на Прочистителната станица, сопственост на ЈП „Водовод“ од Кочани.

-Од екипа од Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат. Лицето В.И. (56) од село Мојанци кој го пријавил пожарот, додека бил на своето работно место како чувар и при обид да го изгаси пожарот со ПП апарат со помош на двајца соселани, тројцата вдишале чад, при што од Итната медицинска помош им била укажана лекарска помош, соопшти СВР Штип.

На повикот одговориле кочанските пожарникари, како и доброволците од ДПД Кочани. Како што изјави Драган Апостолов, командирот на Професионалната територијална противпожарна единица, пожарот го локализирале осум пожарникари до четири возила.

За настанот биле известени јавен обвинител  и инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување Кочани. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ