За два дена четири починати лица во Македонија

МВР информира дека за два дена во државава починале четири лица.

-Денеска (28.08.2025) во 09.43 часот во СВР Штип, е пријавено дека кај с.Облешево, патничко возило „мерцедес” со кочански регистарски ознаки управувано од Т.Н.(44) од с.Уларци, излетало надвор од коловозот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.

-На 27.08.2025 во СВР Битола, било пријавено дека во хотелска соба во Битола бил пронајден починат  С.С.(69) од Австралија. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

-На 27.08.2025 во 12.55 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро бил пронајден починат В.Т.(49) од Битола. Од страна на лекар констатирана била смрт како последица на давење во вода. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга, а по наредба на Јавен обвинител по извршената обдукција телото е предадено на семејството.


-Денеска (28.08.2025) околу 00:10 часот во СВР Велес, е пријавено дека на локалниот пат с.Горно Чичево-с.Долно Чичево, општина Градско, патничко возило „бмв” со велешки регистарски ознаки управувано од П.А.(22) од Градско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ.О.(21), Б.П.(20) сите од Градско и Х.Л.(22) од с.Ногаевци, општина Градско, констатирани во Општата болница Велес. Од здобиените повреди починал Љ.О., а од страна на лекар констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ