Три различни иницијативи во врска со системот Сејф сити денеска се пред Уставниот суд. Сите иницијативи се споени во една. Уште пред официјалното воведување на системот на камери беше искажана загриженост од повеќе страни во делот на заштитата на личните податоци, како и за приватноста и слободата на движење.
Системот Сејф сити е во функција од 1 февруари, откако беа донесени измени на Законот за прекршоци. За почеток е воведен во Скопје, Куманово и Тетово, како и долж Коридорите 8 и 10.
Најавено е дека во следната фаза ќе бидат опфатени градовите Охрид, Струга и Битола, додека Штип работи на поставување на сопствени камери низ градот, што потоа ќе се интегрираат во централниот систем.




