За што се повикани од полиција па пуштени полициски инспектор и уште едно лице од Штип?

Фото: МВР

Полициски инспектор во Секторот за внатрешни работи од Штип и уште едно лице денеска биле опфатени во рамките на истрага на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поради што се однесени во полициска станица во Скопје, по што се пуштени.

Првично беа пренесени шпекулација дека се работи за истрага за наркотици. Уште една шпекулација дека е за предмет поврзан со кривичното дело обид за убиство.

Од Јавното обвинителство одговорија дека се работи за друг предмет.

-Не станува збор за апсења. Се преземаат истражни дејствија поврзани со друг предмет. Со оглед на фазата во која е конкретната постапка, не можат да бидат споделени повеќе детали, одговорија од ЈОРМ.

Други истражни дејствија според Кривичниот законик и Законот за кривична постапка се сите процесни активности што се преземаат за прибирање докази и утврдување на факти, надвор од класичните мерки како испитување на сведоци или обвинети. Тука спаѓаат препознавање лица или предмети, реконструкција на настан, обезбедување траги и докази и друго.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ