За една недела во периодот од 5-11 јануари во Македонија се пријавени 2.3221 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, што е 34,6% повеќе во споредба со претходната недела (n=1.725). Според Институтот за јавно здравје, бројот на пријавени лица оваа недела споредено со втората недела од минатата сезона (n=1.053) е зголемен за 2,2 пати, а во споредба со бројот за втората недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 15 сезони) (n=1.669), зголемен е за 39,1%. Во текот на втората недела, пријавената инциденца е над неделната граница за средна активност.
-Во однос на возрасната дистрибуција, 1.378 лица се на возраст од 15-64 години, 369 се лица на возраст над 65 години, 316 се деца на возраст од 5-14 години, 259 – деца на возраст од 0-4 години. Највисока инциденца (268,3/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години. Заболените лица се пријавени од 25 ЦЈЗ/ПЕ: Скопје – 556, Тетово – 308, Куманово – 266, Охрид – 202, Прилеп – 127, Велес – 111, Кавадарци – 109, Штип – 95, Струмица и Битола – по 87 заболени, Дебар – 78, Гостивар – 71, Неготино – 54, Македонски Брод – 42, а во Кичево, Гевгелија, Свети Николе, Кочани, Виница, Крива Паланка, Кратово, Струга, Валандово, Пробиштип и Радовиш, бројот на заболени е помал од 30, информира ИЈЗ.
Во пет ЦЈЗ/ПЕ (Дебар, Охрид, Македонски Брод, Кавадарци и Неготино) се бележи многу висока активност, во четири (Велес, Тетово, Куманово и Штип) – висока активност, средна активност се регистрира во шест ЦЈЗ/ПЕ, во седум се бележи сезонска активност, додека во три единици се бележи многу ниска активност на вирусот на грип.
Како што веќе објавивме, пријавен е еден смртен случај асоциран со грип.
-Се работи за женско лицe на возраст од 75 години од Скопје, кое било хоспитализирано на УК за
инфективни болести и фебрилни состојби. Кај починатото лице е утврдено присуство на
коморбидитети и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице,
лабораториски е потврдена Influenza А, соопшти ИЈЗ.
Во сезоната 2025/2026, вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 6.147
(I=334,7/100.000).
Во споредба со истиот период од минатата сезона (n=2.408), бројот на пријавени случаи е зголемен
за 2,6 пати, а во однос на моделот од последните 15 сезони (n=4.841) се регистрира зголемување од
27,0%.




