Зголемено нивото на реките и езерата во рамките на просекот за јануари

Зголемено ниво на реките во однос на просекот за јануари се бележи денеска на Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и кај Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска Бања, на Струмица кај Сушево, на Црна Река кај Новаци, како и на Сатеска кај Ботун.

Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека единствено минимално намалување има на реката Брегалница кај Берово.

Водостоите на Охридското, Препанското и на Дојранското Езеро според денешните мерења се во рамките на просекот за јануари.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ