Значаен раст на цената на струјата – до 450 евра Мвч за денеска

Македонскиот оператор на електрична енергија најавува раст на цената на струјата во следните денови,  со тоа што високи цени ќе се задржат и ќе растат во наредните денови. За илустрација, во текот на денешниот ден, претпладнето цената на мегават час се движеше околу 300 евра, за вечер во 20 часот да достигне 450 евра.

Специјализираните организации, кои ги следат цените на енергијата, анализираат дека падот на производството на сончева и ветерна енергија ги зголеми цените на електричната енергија во цела Европа.

Цените на електричната енергија се зголемија низ цела Европа кон средината на октомври, како што се зголемија побарувачката, трошоците за гас и CO₂, додека пониското производство на сончева и ветерна енергија на неколку пазари дополнително ги зголеми цените над 75 евра/MWh, а некои надминаа 100 евра/MWh.

Прогнозите за цените  на  „АлеаСофт Енерџи Форекстинг“ покажуваат дека во третата недела од октомври цените ќе продолжат да растат на повеќето главни европски пазари на електрична енергија, под влијание на падот на производството на енергија од ветер. Понатаму, побарувачката за електрична енергија ќе се зголеми на некои пазари.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ