„Зошто да се повлекувам, брате? 25 години сум победник“, вели Ахмети демантирајќи дека е политички пензионер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на попладневната прес конференција во партиското седиште, рече дека нема да се повлече од политиката. Побара предвремени избори, и додаде дека губитниците треба да се повлечат. Ахмети, беше уште подециден дека 25 годни ДУИ е победник на изборите, а низ бројки рече дека се ВЛЕН тие што ги загубиле изборите.  

„Зошто се повлекувам, брате? Имаш ли уши или не? Кој победи? Губитникот треба да се повлече, а не победникот. Сакаш докази? Оди во ДИК, провери и ако се потврди дека Али Ахмети губел 25 години, тогаш да разговараме. Четврт век победуваме, а не овие три циклуси“, рече Али Ахмети.

Во своето прво појавување по изборите на 19 октомври, Ахмети ја нарече коалицијата на ВЛЕН „Здружение Газиместан“, а како доказ за победата, како што рече, понуди и бројки.

„НАИ на овие избори освои 114.760 гласови со вкупно 159 советници. „Здружението Газиместан“, ВЛЕН освои 91.849 со вкупно 122 советници. Дали е победник тој кој добил 114.760 гласови или тој со 91.849 гласови. Но, ова е тоа, секој ден тврдат дека ги добиле изборите, не само овие избори, туку и оние што ги оставивме зад себе, тие се големи губитници“, рече Али Ахмети.

Лидерот на ДУИ, побара предвремени парламентарни избори и тоа, како што рече „без големо одлагање“.

„Ние сме посветени на европска Македонија и добри меѓуетнички односи, нула проблеми со соседите, ние сме посветени на обезбедување подобра иднина за идните генерации“, рече Ахмети.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ