Изгледа ги изгубивме Индија и Русија од најтемната, најцрната Кина, рече Трамп

Фото: Јутјуб

 Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска на својата мрежа „Трут соушл“ (Truth social) го коментираше приближувањето на Индија, Русија и Кина.

– Изгледа ги изгубивме Индија и Русија од најтемната, најцрната Кина. Нека имаат долга и просперитетна иднина заедно!, напиша Трамп, при тоа објавувајќи фотографија од рускиот и кинескиот претседател Владимир Путин и Си Џинпинг и индискиот премиер Нарендра Моди, на Самитот на Шангајската организација за соработка што се одржа во Тјенџин, Кина.

Трамп претходно Самитот во Кина го нарече заговор против САД, на што Путин наведе дека американскиот претседател „има добра смисла за хумор“.

Си на Самитот на Шангајската организација за соработка апелираше за воспоставување на нов мултиполарен светски поредок, што ќе ја предизвика американската демократија како водечка сила во глобалните прашања. Според него таквиот поредок ќе го врати светот во состојба во која суперсилите ги контролираат своите сфери на влијание. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ