На последниот марш на ангелите во Кочани дел од родителите побараа оставка од Тошковски, но и од вас, беше прашањето за коментар до премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска присуствуваше на отворање на затворениот базен во Штип.
На ова премиерот рече:
-По последните маршови за ангелите од Кочани јас можам да се видам во својот дигитален споменик како сум испрскан со крв. Се води таква кампања против мене, додуша и кон министерот Тошковски и директорот Јанев, во помали сликички. Има одредени лешинари на кои најмалку им е дојдено до ангелите од Кочани. Ја злоуптребуваат судбината на родителите кои ги загубија ангелите во Кочани и во Штип и други градови. За прв пат на македонската политичка сцена јас можев да сведочам на мојот дигитален споменик испрскан со крв. Ако некој мисли дека тоа е добра кампања, тогаш е во ред, рече Мицкоски.







