Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид, во соработка со Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид, денеска на симболичен начин, со подарување на новогодишни лампиони, на охриѓани и на туристите кои во Охрид ќе ја прослават новогодишната ноќ, им ја честита Новата 2026 година.
-Традиционално, на овој начин, на сите охриѓани, на сите гости, на сите туристи кои што ќе слават Нова година во Охрид, со симболично доделување на лампиони им ја честитавме Новата година и им посакавме се најдобро во новите 365 дена. Им порачавме да внимаваат на својата и на безбедноста на останатите граѓани а посебно дека сообраќајните контроли во сообраќајот ќе бидат интензивни. Нагласивме дека алкохолот и управување моторни возиа не одат заедно и дека секоја таква ситуација, ќе значи исклучување на возачот од сообрај и соодветна пријава. На овој начин, ИПА Охрид и СВР Охрид, со оваа превентивна активност, прават обид повеќе за зголемена безбедност во градот, а граѓаните и туристите да се чуствуваат безбедно и сигурно во Охрид, информираат од СВР Охрид.





