Испишана историја на Мундијалот со натпреварот Чешка – Јужна Африка

Првиот женски судиски тим од Соединетите Американски Држави испиша историја на Светското првенство за мажи.

Натпреварот Чешка – Јужна Африка имаше судиски тим за историјата. Судијката од САД, Тори Пенсо, и нејзиниот тим станаа вториот женски судиски тим што судел на Светско првенство во фудбал за мажи и првиот женски тим составен од судии од САД.

Тори Пенсо (главна судијка) со помошничките Брук Мајо и Кетрин Несбит, одлично си ја завршија работата.

Треба да се одбележи и моментот на донесувањето на значајна одлука во текот на мечот. Главната судијка, Тори Пенсо, донесе правилна одлука досудувајќи пенал за Јужна Африка.

Трите судијки на терен е еден од светлите моменти за фудбалот и Светското првенство.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ