Геј браковите во Македонија не се законски, а со тоа, се врши директна дискриминација во ужување на основните права на луѓето, кои живеат во зедница и заеднички создаваат. При смрт или разделување, пред суд не може да се направи поделба, како што тоа е случајот со венчаните, кажа во „Стадион“ Душан Томшиќ од Комисијата за за заштита и спречување на дискриминацијата. Томшиќ вели дека овие двојки не можат да посвојат деца, особено што има деца кои растат со неодговорни родители, се злоупотребени за питачење, влегуваат во незаконски дејанија и стануваат проблем за општеството.
-Она што е дискутабилно околу геј браковите, не е само посвојувањето, децата и бракот. Шроблем е што не е регулирано правото на имот, правното прашање што во обичен, нормален брак меѓу маж – жена при развод, или во кога ќе почине парнтерот, се дели пола- пола на двата парт, односно доколку почине, го имате наследното правато на наследството. Кај нас тоа не е регулирано, геј брак не се регулирани – ако живеат задено, создаваат заедно, никако понатаму не можат во судска постапка да го поделат како венчаните. Или проблемот што немаат пристапот до социјално – здравствнени права во вакви случаи, вели Томшиќ.
Според него, не е само наративот на антиродовите движења, туку се работи за основни човекови права, кои овие лица не можат да ги уживаат.
Погледнете на:





