Кавадарчанец со 3,21 промили се фатил за волан, па удрил во паркирано возило

Фото: МВР

Лишени од слобода возачи во Кавадарци и Битола, управувале возила под дејство на алкохол, возачот во Кавадарци предизвикал и сообраќајна незгода.

-На 17.12.2025 во 20:05 часот на крстосница од ул.„Народен Фронт“ и ул.„Коле Подлешки“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода А.М.(35) од Кавадарци. Претходно, тој со патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки удрило во паркирано патничко возило „сузуки“ со кавадаречки регистарски ознаки, паркирано од Т.А.(55) од Кавадарци. При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека А.М. го управувал возило под дејство на алкохол, односно дека има 3,21 промили алкохол во крвта, информираат од МВР и додаваат:

-На 17.12.2025 во 12:21 часот на ул.„Славко Лумбарко“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Г.Н.(43) од Битола. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,59 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, стои во соопштението.

Според МВР, на 17.12.2025 во 00:41 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул. „Браќа Ламески“ во Прилеп го лишија од слобода Р.Г. (49) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „џип“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Г., при што било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,91 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по чл.297-а од КЗ „безобѕирно управување со возило”.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ