Како договорени колку да испијат! Возачи од Кавадарци и Гостивар уапсени со исти промили алкохол

Лишени од слобода возачи од Кавадарци и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол.

-На 03.09.2025 во 01:15 часот на улица „Љубашка“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода В.М.(41) од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,04 промили алкохол во крвта, информираат од МВР и додаваат:

-На 03.09.2025 во 00:30 часот на магистрален пат Гостивар-Тетово, кај Тумчевишка клучка, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода С.С.(58) од Гостивар. При сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека управувал возило „фиат“ со гостиварски регистарски таблички под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,04 промили алкохол во крвта. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, се вели во соопштението.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ