Како малку да беше што изгореа 63 млади, кочанчани сардисани од профитери од лоши вести

Повеќе граѓани на Кочани во изминатиот период биле жртви на измамници, кои изнудувале пари со веќе познатата тактика дека се службени лица кои сакаат да помогнат на нивни блиски кои се под кривичен прогон поради сторена сообраќајна несреќа со смртни последици.

СВР Штип денеска информира дека се работи главно за повозрасни луѓе, кои биле доведени во заблуда од  лицата кои им се јавиле по телефон, претставувајќи им се како службени лица, најчесто полициски службеници. Од овие граѓани на кои им се јавиле, измамниците бараат пари за да можат да помогнат во ослободувањето на нивни блиски кои, наводно, предизвикале сообраќајна несреќа.

„Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош. Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно  апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција, повикаа од СВР Штип.  

Овој вид на измама не е нов, дури е одомаќен во сите делови од државата и им ги однесе заштедите на многу повозрасни граѓани. Во февруари оваа година, полицијата објави дека во Куманово е Бугарин, кој организирал измами со наводни сообраќајни несреќи со кои изнудувал пари.

„На 12.02.2025 во 15.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, во содејство со Оддел за криминалистичка полиција и СВР Скопје го лишиле од слобода П.М.(59) од Република Бугарија. Тој се сомничи дека на територија на Куманово во соработка со повеќе лица извршил измами со наводни сообраќајни незгоди над повеќе лица“, соопшти полицијата.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ