Калас го откажа учеството на Самитот во Тиват, Макрон пречекан со сите почести

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, го откажа учеството на Самитот на ЕУ – Западен Балкан, што ќе се одржи утре во Тиват, потврди порталот RTCG.

Официјално, откажувањето е од здравствени причини.

Во пресрет на самитот, црногорската полиција приведе на аеродромот во Тиват, а потоа врати во Србија група од околу 87 српски државјани за кои се сомнева дека имаат криминално минато и кои дојдоа по налог на српските власти да организираат пречек за српскиот претседател Александар Вучиќ. Иако се шпекулираше дека Вучиќ ќе го откаже учеството, тој денеска потврди дека заминува во Тиват.

На Самитот ЕУ – Западен Балкан, кој се одржува утре, се очекува присуството на повеќе шефови на европски држава и лидерите на ЕУ.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, веќе пристигна во официјална посета на Црна Гора, каде што беше пречекан од лидерот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Макрон исто така ќе биде дел од Самитот.

„Доаѓањето на претседателот Макрон претставува еден од најважните дипломатски настани за Црна Гора и силна потврда за длабоко пријателство, доверба и партнерство со Франција, земја која е еден од темелите на обединета Европа“, се вели во официјалното соопштение на Претседателството на Црна Гора.

Фото: Канцеларија за односи со јавност на Претседателот на ЦГ

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ