Камерите утре ќе се тестираат во Куманово и Тетово

Фото: МИА

По Скопје, утре во Тетово и Куманово ќе се врши тестирање на камерите. Како што најавува МВР, утре (25.01.) ќе се спроведуваат активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на двата града.

Најавата е дека активностите ќе се реализираат во временскиот интервал од 08:00 до 20:00 часот, при што на секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае кратко, приближно од 15 до 30 минути.

-За време на спроведувањето на активностите на конкретната локација, сообраќајот привремено нема да се пропушта додека трае постапката, по што ќе продолжи да се одвива нормално. Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности, соопшти МВР.

Проектот „Безбеден град“ по тест периодот, официјално започнува на 1 февруари. Првично, ќе бидат санкционирани само четири прекршоци: непрописно паркирање, пребрзо возење, поминување на црвено светло и возење со истечена регистрација. Нема конкретни рокови за тоа од кога би се вовеле ново санкционирање на прекршоци, следно што системот ќе евидентира се случаите на користење мобилен телефон и неносење на сигурносен појас. Веќе е познато дека граѓаните го добиваат преку СМС-линк и на мејл која сопственикот ја доставил при регистрацијата каде се наведува кој е прекршок, кога и каде е сторен, како и казната што мора да се плати. Плачаето на казната е електронски, во пошта и во банка и ако плати во рко од 8 дена, таа казна е преполовена.

Покрај во трите градови – Скопје, Куманово и Тетово, опремата на „Безбедниот град“ е поставена и треба да почне да се имплементира и во Коридорите 8 и 10.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ