Дали си полн со енергија уште од првото утринско кафе?
Дали имаш харизма, чувство за хумор и способност да ја разбудиш публиката со збор?
Канал 77 – најслушаното радио во Македонија, ја проширува својата екипа и го бара новиот машки водител за нашето Утринско шоу во Штип
Ќе работиш во динамичен и забавен тандем со Христина Спирова, а твојата задача ќе биде да внесеш свежина, креативност и позитивна енергија во денот на нашите слушатели.
Што очекуваме од тебе?
- Да имаш јасен и пријатен глас
- Одлична дикција и комуникациски вештини
- Чувство за хумор и креативност
- Желба да работиш во тим и пред микрофон
- Искусво во медиуми е предност, но не е задолжително
Ние нудиме:
- Работа во најслушаното радио во земјата
- Креативна и позитивна средина
- Можност да станеш препознатливо радио лице
📩 Испрати твоја кратка биографија (и по можност демо-снимка) на [email protected]





